Со ВАШАТА поддршка можеме да ја направиме оваа платформа да биде
успешна, функционална и да го достигне посакуваниот ефект. Сѐ што
е потребно е сите граѓани да ја имаат инсталирано нашата мобилна
апликација на своите мобилни телефони.
Да не дозволиме исчезнувањето на нашите најмили да остане
нечујно!
Основната функционалност на оваа апликација е брза нотификација за исчезнати лица. Сите оние кои ја имаат инсталирано на својот мобилен телефон ќе добијат нотификација за секоја нова објава на исчезнато лице без обврзување да бидат најавени. Доколку сакате да направите објава за исчезнато лице, тоа мора да го направите со претходна најава преку ВЕБ платформата.